Лидерот на СДСМ Зоран Заев по двочасовна средба со претседателот на државата Ѓорге Иванов рече дека иако го побарал мандатот од Иванов тој бил експресно одбиен и рекол дека нема да му го даде доколку не даде потврда со 61 потпис дека може да формира Влада.
Претседателот на државата Ѓорге Иванов му одговорил дека нема да му го даде затоа што се второ пласирана партија, туку само доколку може да формира Влада.
Заев истакна дека на СДСМ највеќе му одговараат нови избори, но бидејќи на Македонија и на другите политички партии не им одговараат избори тоа нема да се случи.
Според него пораките од Брисел не се за широка коалиција со сите партии туку што е можно поширока коалиција за постабилна политичка Влада. На прашање дали сепак би прифатил широка коалиција со сите партии, Заев рече дека нема да прифати коалиција со лица осомничени од СЈО.