Потпаролот на украинскиот претседател, Свјатослав Цеголкo информираше дека на украински транспортен авион кој изведувал демостративен прелет преку Црното море е пукано од страна на Русија.
Во соопштението на украинското министерство за одрбана се вели дека на авионот Антонов е пукано од лесно наоружување од руска платформа за нафта.
Се наведува дека при нападот екипажот не настрадал, додека на авионото се видливи последици од испуканите рафали, за што од страна на Украина се и доставени докази во вид на фотографии.