Марјан Спасески, директорот на АМС, изминатите два дена учествуваше на Глобален младински форум во седиштето на Организацијата на Обединетите Нации во Њујорк, чија цел беше да се покрене свесноста за неопходноста од инвестирање во младински политики, за имплементација на Одржливите Развојни Цели на ОН, за младинското ангажирање во искоренување на сиромаштијата, мерките за финансирање на младинските политики и добрите практики за поддршка на младинскиот развој.
Спасески имаше обраќање на министерскиот панел на тема: “Обезбедување на неопходни средства и финансии за поддршка на младинскиот развој”, каде се осврна на успешниот процес за креирање на Националната Стартегија за млади (2016-2025), како и активностите кои ги презема АМС и Владата на Република Македонија за имплементација на целите и приоритетите во истата.
“Националната Стратегија за млади е резултат на едногодишен процес воден од страна на АМС, а финансиски поддржан од UNDP-мисијата во Македонија, во кој директно учествуваа преку 250 претставници од околу 75 невладини и младински организации и други релевантни институции, кои работеа заедно и ги дефинираа целите и младинските потреби за следниот десетгодишен период. Во процесот директно се вклучија и меѓународни организации и донатори како UNDP, UNFPA, OSCE, Шведската Агенција за развој и други, кои ја покажаа својата подготвеност и желба да бидат вклучени во понатамошната имплементација на оваа стратегија” – информираше Спасески и потенцираше дека буџетот на АМС за поддршка на младинските активности за 2017 година е седум пати поголем во однос на претходната 2016 година.
Тој се осврна и на процесот на воспоставување на Регионалната канцеларија за младинска сорботка (РИКО), чија основна цел е да ги поврзе и помири моладите луѓе од Регионот, а за која како што рече, Република Македонија веќе обезбедила контрибуција од околу 120.000 евра за нејзиното функционирање.
На маргините на Форумот, Спасески оствари билатерални средби со неколку свои колеги, а ја посети и постојаната мисија на Република Македонија во Организацијата на Обединетите Нации