6.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Демократски Сојуз бара оставка од Ѓорѓе Иванов

Демократски сојуз по повод последните политички случувања се огласи со свое барање кое може да се оцени како крајно радикално. Партијата предводена од Павле Трајанов бара оставка од претседателот на Македонија, Ѓорѓи Иванов.

Во продолжение интегрално ви го пренесуваме соопштението лиферувано до јавноста и медиумите:

„По аболицијата на 56 носители на високи политички и државни функции, како и на нивните соработници, заштитата на партиските интереси на  ВМРО- ДПМНЕ, давањето на мандатот на партијата која нема мнозинство во Парламентот, а по неуспешниот обид да формира Влада, да го условува СДСМ да докажува дека има мнозинство од 61 пратеник, се доволни причини, Георге Иванов да се повлече од функцијата.

Тој е зрел за импичмент, но таквата иницијатива ќе пропадне поради неможноста во Парламентот и Уставниот суд да се обезбеди дво-третинско мнозинство.

Можеби е подобро со локалните избори да се гласа и на референдум за смена на Георге Иванов.

Во меѓувреме во текот на денешниот ден или утре, да се избере претседател на Собранието и веднаш по тоа и Влада. Само на тој начин ќе се стави крај на игрите на раководството на ВМРО ДПМНЕ и Георге Иванов“, се вели од Демократски сојуз

 

поврзани објави

Последни објави