Ниту изминатата ноќ не помина мирно во Доњецк откако украинските сили гранатираа од ракетниот систем „Ураган“.
Според информациите во последните напади загинале 2, а се повредени 17 лица од кои голем број на цивили.
Ситуацијата во Донбас ескалираше повторно во понеделник, а двете страни, про руските сепаратисти и властите во Украина се обвинуваат за нарушвање на примирјето.
Министерството за одбрана на Украина утрово информираше дека нивните сили, метар по метар, чекор по чекор херојски напредуваат.