23.8 C
Skopje
Saturday, July 27, 2024

Сакате да ослабнете и да изгледате совршено? Време е за мали промени

Се качивте на вага, а потоа веднаш се разочаравте? Не грижете се, решение секогаш постои. Ако сакате конечно да се ослободите од вишокот килограми, запомнете го ова правило кое треба да ви стане рутина.

Според истражувачите, важно е да се запамети бројот 10 и да се применува во следново правило:

Правилото на бројот 10 е едноставно и објаснува каков треба да биде временскиот интервал меѓу првиот и последниот оброк во денот.

Оваа навика е поврзана со метаболизмот и дигестивниот систем, кои во текот на денот работат со полна пареа, а навечер би требало да одмараат.

На пример, ако доручкуваат во 8 часот наутро, последниот оброк би требало да биде 10 часа подоцна, односно околу 18 часот, а после 19 часа треба да престанете да се храните.

Во текот на истражувањето, мажите и жените кои биле вклучени ги забележале следните промени само по 21 ден:

– Во просек ослабеле со околу 3 килограми

– Имале повеќе енергија

– Количеството на шеќер во крвта била беспрекорен и се пофалиле со далеку подобар сон од претходно

Правилото може да го примените уште денес. Ако почувствувате глад после последниот оброк, дозволено ви е да испиете полна чаша вода или незасладен чај од камилица или нане.

поврзани објави

Последни објави