3.8 C
Skopje
Sunday, November 10, 2024

СЈО поднесе жалба до Апелационен суд поради издвојување на докази

Специјалното јавно обвинителство денес поднесе жалба до Апелациониот суд поради одлуката на Основен суд Скопје 1 за издвојување на дел од доказите кои беа доставени од страна на СЈО за судењето на насилството во Центар, случајот во кој обвинети се поранешниот премиер на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, поранешниот министерот за транспорт и врски Миле Јанакиевски и пратеничката Даниела Рангелова.

На судењето кое беше одржано на 16 декември минатата година, судијката Татјана Михајлова ги одби прислушкуваните разговори како доказ, со образложение дека се набавени на нелегален начин и истите ги прекршиле човековите права и слободи. Исто така беше одбиен и предлогот од обвинителката Фатиме Фетаи, како доказ да биде сослушан таен сведок.

Покрај Груевски, Јанакиевски и Рангелова кои се обвинети како нарачатели за насилствата во Општина Цента во 2013 година, уште деветмина други лица се товарат како извршители на дејството.

поврзани објави

Последни објави