Северина и Игор Којич денес се сослушани во Управата на криминалистичка полиција во Белград, по пријава поднесена од Милан Поповиќ, пренесува Слободна Далмација.
Како што се наведува во текстот, Милан неодамна поднесе пријава против Северина и Игор Којиќ поради објавувањето на фотографија на социјалните мрежи, на синот на Поповиќ и Северина, на која тој е без облека.
Како што пишува Слободна Далмација, Северина и Игор нервозно разговарале со инспекторите, а во исто расположение ја напуштиле полициската станица.
Милан Поповиќ во интервјуто кое го даде за Српски Курир изјави:
„Семејството Којиќ е составен дел од животот на Северина Којиќ. Вистина е дека поднесов неколку тужби, а мојата цел е семејството Којиќ да остане составен дел од Севериниот, но не и составен дел од животот на мојот син“, вели Милан.
Претходно тој ги демантираше пишувањата дека сака целосно старателство над синот.
„Тоа не е вистина. Сакам нашиот син да расте со двајцата родители, во љубов и за тоа се залагам на сите можни начини“, одговори Поповиќ на обвинувањата.