Аријана Гранде и Џон Леџенд ја претставија својата музичка верзија за филмот „Убавицата и Зверот“. Оргиналната музика за филмот, која во 1991 година беше претставена од Селин Дион и Пибо Брајсон, успеа да се закити со Оскар, Греми и Златен Глобус.
Продуцентот на оваа верзијата која е во изведба на Гранде и Леџед, истакна дека очекувањата за оваа нумера се големи и би требало да бидат исполнети.
„После оргиналната верзија која беше наградена со Оскар и Греми, пред нас е голем предизвик. Но најдобрите пеачи на денешницата Џон и Аријана донесуваат нешто свежо, а не одземаат од стариот звук“, изјави Дејф Мејерс, режисер кој е задолжен за предстоечкиот спот на оваа нумера.