ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение вели дека нивното негодување против одредени амбасадори не значи дека тие се против амбасадорите, туку само реагираат бидејќи сметаат дека ги пречекориле нивните овластувања.
„Дежурните самопрогласени интелектуалци и платеници на СОРОС не треба да стравуваат, ВМРО-ДПМНЕ не е против амбасадорите, туку принципиелно реагира кога некои амбасадори ќе ги пречекорат своите овластувања и делуваат како замена за пратениците и владата избрана од граѓаните.
ВМРО-ДПМНЕ ќе ја продолжи комуникацијата и соработката со амбасадорите на државите пријатели на Република Македонија бидејќи ВМРО-ДПМНЕ е гласот на 455 000 граѓани. Изразувањето на негодување и различно мислење постои и во државите од каде потекнуваат амбасадорите.
Нашата цел останува членството во ЕУ, НАТО и почитување на Делкарацијата за стратешко партнерство со САД во 2008-та година.
ВМРО-ДПМНЕ е избрана од народот да се грижи пред се за неговите интереси и да ја почитува неговата волја“ стои во соопштението на ВМРО ДПМНЕ.