7.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

Четиригодишниот син со одговор до својот татко, кој потполно ќе ве разнежи: Што е тоа среќа?

Новинарот на Бизнис Инсајдер, Стив Џон едно утро, додека го носел својот 4 годишен син во градинка го запрашал што всушност значи „среќа“. После одговорот на малото детенце, Стив започнал длабоко да размислува.

„Сметам дека среќа е кога ти е удобно. Кога ти е многу топло и удобно. Тешко е да се објасни. Го знам тоа чувство, но не можам тоа да го опишам без да го употребам тој збор, па тешко е. Тоа е кога ти е многу удобно и се смееш и си многу среќен“, изјавил малиот Бен.

Стив уште некое време размислувал за одговорот на својот син, па го сподели и со сопругата која веднаш се присети на пирамидата Маслоу за човечки потреби. Маслоу ја подели пирамидата на физиолошки потреби како вода и храна, потоа потребите за сигурност, љубов и припаѓање, почитување и самоактуализација.

„Потребни ми беа неколку моменти да ги поврзам сите тие работи, каде води сето тоа? Би рекол дека ако е потребен еден збор за сумирање на среќа, тогаш „удобност“ би бил одличен избор“, завршил Стив.

поврзани објави

Последни објави