14.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Нов скандал во градинка во Аеродром -„Деца ги ставаат во шкафче да ги јадат бубачките“, раскажува загрижена мајка

По скандалот во гевгелиската градинка, каде воспитувачка грубо и непристојно се однесува кон децата, нов скандал го тресе овојпат скопскиот регион.

Во градинката „Буба Мара“, главното седиште во Ново Лисиче. Според информациите до кои дојде „Фокус“, две негователки грубо се однесувале кон деца, и истите биле заворани во шкафче да ги јадат бубачките.

Со вакви зборови ни ја раскажа целата ситуација Маја Ѓеорѓиева, чија три и пол годишна ќерка била запишана во градинката.

„Тоа што се случува во градинката е навистина страшно. Пред извесно време, мојата ќерка била удрена со боичка по главата. Останатите кои биле темпераментни, биле затворани во шкафче, да ги јадат бубачките“, раскажува Маја.

Нејзината ќерка три седмици оди во градинка, но како што вели, девојчето е исплашено поради односот на негователките и учителките.

„Во една ситуација, мојата ќерка била тепана од негователките, поради тоа што спуштила креветче и при тоа, устата и ја затвориле за да не се слуша кај што плаче. Минатата среда беше толку истрауматизирана, што во раце ми спиеше“, додава Ѓеорѓиева.

Таа одржала состанок со раководството на градинката и добила ветување дека ќе биде решен проблемот. Маја испратила и писмо до Министерството за труд и социјална политика и општина Аеродром.

„Фокус“ се обиде да стапи во контакт со градинката од каде добивме одговор дека се преземаат соодветни дисциплински мерки.

 

Извор: ФОкус

поврзани објави

Последни објави