27.8 C
Skopje
Wednesday, June 12, 2024

На Кипар пронајден чамец со стотина мигранти

Чамец со околу стотина мигранти, меѓу кои 42 деца и 17 жени пронајден е на северозападниот брег на Кипар.

Крајбрежната полиција го приметила чамецот на околу 15 километри од брегот, пред да пристигне во селото Лато Пиргос, јавуваат од агенцијата „Асосиејтед прес “.

Полицијата ги пронашла мигрантите после полноќ, не е утвтдено каква националност се и од каде доаѓаат. Исто така им е пружена медицинска помош и истите се префрлен во прифатилиштето за мигранти во околината на Никозија.

 

поврзани објави

Последни објави