3.8 C
Skopje
Saturday, November 30, 2024

Георгиевски: Со сите што ги сомничи СЈО во „Поштенска банка“ ни едно пиво немам испиено

Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите отвори нова истрага со кодно име „Поштенска банка“. Станува збор, како што соопштуваат од СЈО, за финансиска истрага, во рамки на која, три од осомничените девет лица се приведени пред судија на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1.

Истрагата опфаќа повеќе поврзани настани за сторени кривични дела – Перење пари и други приноси од казниво дело од чл.273 и со истата се опфатени девет лица Коле Смилевски, Томе Главчев, Ратко Димитровски, Викица Поповски, Георги Каратолис, Кирил Јаневски, Зоранчо Митровски, Ристо Милев и Златко Ѓорчев.

Пред неполна година бев повикан во СЈО каде ми беше презентирана бомба – разговор на Томица Главчев со висок функционер на власта од кој барајки одредени услуги го спомнува и Никола Груевски во контекст на неговата банка, вели нЉубчо Георгиевски за новата истрага на СЈО, пренесува Либертас.

„Кога бил викнат во СЈО ја сменил изјавата па рекол дека во кабинетот на Георгиевски како Премиер бил повикан тој , а јас, Никола Груевски и Марјан Ѓорчев имаме побарано од него да учествува во приватизацијата.

Откако енергично негирав дека никогаш немало таков разговор тој пак ја сменил изјавата дека тој сам бил повикан од мене и таму имало неколку советници од владата. При што понудив да му ги покажат сликите од советниците затоа што имав само девет и лесно ќе ги препознае. Сите други обвинети доблесно негирале дека никогаш со мене не воделе разговор за приватизацијата на Поштенска Банка.

И тогаш пред СЈО и сега пред јавноста недвосмислено изјавувам дека немам ништо со приватизацијата со Поштенска банка а уште помалку со второто дело за кое ги товарат. Се работи за јасни постапки на приватни бизнисмени каде што целиот интерес профит е за нивните фирми. Од сите обвинети личности во животот едно пиво се немам напиено. Жал ми е што и покрај тоа што во СЈО самите ми потврдија дека Томица Главчев три пати ја сменил изјавата повторно решиле да го извалкаат моето име“, реагира Георгиевски

поврзани објави

Последни објави