Лесно можете да ја препознаете жената Вага по својата елеганција која зрачи со секое нејзино движење.
Таа е совршено природна и секогаш своја, па токму затоа и со својата грациозност го привлекува погледот на сите мажи околу неа. Доколку и вие сте жена Вага, тогаш треба да знаете нешто многу важно: мажите едноставно полудуваат кога ќе ве запознаат. Вашата женственост, шармантност и заразни насмевки се неодоливи мамки за припадниците на посилниот пол кои можат за само една секундa да ги заробат без тие да знаат што се случило.
Шармот на жените Ваги
Бидете искрени и признајте дека понекогаш го користите вашиот шарм со цел да постигнете некоја цел. Вам доволно ви е само еден поглед со цел да го омекнете секој соговорник.
Исто така никогаш не би одговориле агресивно на напад, туку би ја искористиле својата прекрасна енергија за да го смирите разговорот и да се вратите во мирните води. Вие имате граница преку која не дозволувате да ве турнат, па токму затоа се случува и да ги избегнувате примитивните и гласни луѓе кои прават да се чувствуваат лошо во нивна близина.
Вие не сакате да ги наметнувате вашите ставови ниту пак се држите цврсто за нив. Во вас постои силна црта на емпатија и сакате искрено да го сфатите размислувањето на сите околу вас. Ако откриете дека некој размислува различно од вас, вие нема веднаш да ги прогласите за глупави и да се обидете да ги уверите во вашите ставови, туку едноставно ќе размислите дали тие можеби се во право. Да, жените Ваги не се срамат да признаат дека понекогаш грешат и токму оваа карактеристика ги сместува во малцинството.
Љубовниот живот на жените Ваги
Во љубовта тие играат отворени и без скриени карти во нивните ракави, па токму затоа и истото го бараат од својот љубен. Кога вистински сака, таа е спремна да го прави тоа без граници. Но, внимавајте бидејќи не сите луѓе се како вас. Некој лесно би можел да ја прогласи вашата искреност за наивност и да ве повреди.
Вагите најдобро се чувствуваат во долгите врски со цел, многу подобро отколку во минливи авантури кои не водат никаде. Сепак дури и во најцврстите врски имаат потреба од простор за себе. Поради силната смисла за правда, Вагата истата слобода ќе ја дава и на својот партнер.
Вагата од партнерот бара тој да биде вистински маж, додека таа ќе биде неговата најголема поддршка. Откако ќе има свои деца, таа ќе биде одлична и грижлива мајка. Но, доколку случајно се појават проблеми, таа може да ја покаже и својата силна страна, бидејќи кога ќе дојдат тешки времиња таа влече од себе сила која дури ни самата не знаела дека ја поседува.