9.8 C
Skopje
Friday, October 25, 2024

Талат Џафери ја одби понудата Мицкоски да зборува во Собранието – причината е вина на самата партија

Од ВМРО-ДПМНЕ испратиле барање до Собранието преку кое се бара законодавниот дом да му овозможи обраќање на партискиот лидер Христијан Мицкоски, кој не е пратеник, а поради како што се вели чувствителното прашање.

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Драган Данев, цитирајќи го Деловникот, побара од Џафери Мицкоски да се обрати пред пратениците.

„Господине Џафери, бидете на висината на задачата, во овие кризни моменти дозволете да се обрати лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Деловникот тоа го предвидува. Писмото е испратено до вас“, му рече Данев на Џафери.

Собранискиот спикер, Талат Џафери, го одби таквото барање со образложение дека истото било испратено до лицето Талат Џафери, а не до Претседателот на Собранието. Засега е непознато дали од опозициската партија ќе испрати ново барање.

„Да му пуштите писмо на господинот Талат Џафери од Форино. Јас немам добиено тука писмо. Тука сум со адреса претседател на Собранието Талат Џафери. Јас имам волја, но тука не се работи за тоа, туку Деловникот не дозволува Мицкоски да се обрати. Тој не е пратеник, а ВМРО-ДПМНЕ не е орган за да можам да ги поканам да зборува во Собранието“, му реплицираше Џафери на Данев.

поврзани објави

Последни објави