23.8 C
Skopje
Saturday, October 26, 2024

ПЕТ СЕ: Хороскопски знаци кои имаат најголема шанса да се збогатат, но под еден услов!

Сите сонуваме да се збогатиме и да си ги решиме проблемите како со волшебно стапче.

Сепак, астрологијата вели дека оваа желба е запишана во ѕвездите и некои хороскопски знаци се предодредени за успех и богатство многу повеќе отколку другите.

Па кои се петте знаци од Зодијакот кои имаат најголеми шанси за поседување банковна сметка со многу нули, секако на позитивно салдо?

Девица

Среќен ден: Среда

Среќни броеви: 5, 14, 23, 32, 41, 50

Среќна боја: Бела, жолта, портокалова, сива

Среќен камен: Топаз

Најголем дел од милијардерите се родени во хороскопскиот знак Девица. Тоа се должи на фактот што Девиците се родени перфекционисти. Тие се премногу педантни, прецизни, внимателни, елоквентни. Успеваат да останат тивки кога тоа е потребно и смирени во сложени напнати ситуации.

Девиците воедно се одлични менаџери и со нив на секогаш може да сметате на одлично завршена работа.

Овој знак е познат по тоа што е одлучен, многу трудољубив и вреден, аналитички настроен со изострено око за ситници и детали. Нив повеќе ги мотивира мислата да успеат во својата желба и замисла, отколку слава или богатство. Можеби затоа парите им доаѓаат и толку лесно.

Двајца од најбогатите луѓе во Америка, Ворен Бафет и Лари Елисон, обајцата се Девици во хороскоп.

nextpage

Скорпија

Среќни денови: Недела, понеделник, вторник, четврток

Среќни броеви: 8, 17, 26, 35, 44, 53

Среќна боја: Црвена и виолетова

Среќен камен: Опал

Скорпиите како водени знаци се интуитивни, љубопитни и може да предвидат многу нешта пред останатите. Тие се можеби најдобрите детективи во Зодијакот.

Силно веруваат дека самите се креатори на сопствената судбина и живеат според свои измислени правила. Кога ќе доживеат пораз не губат време на плачки и жалење, туку се креваат од земја и тргнуваат во напад. Поради ова
Скорпиите имаат големи шанси за збогатување.

Уште поинтересно, тие се водени од страста и желбата да успеат во бизнисот, љубовта и најтривијалните нешта како играњето карти. Поразот за нив не е опција.

Скорпиите успеваат скоро секогаш бидејќи ја користат нивната харизма за да се „продадат“. Нивната цел е да го направиш она што тие сакаат да го направиш, без да знаеш дека тоа е нивна идеја. Типичен успешен Скорпија претставник е Бил Гејтс.

Лав

Среќни денови: Вторник, петок, недела

Среќни броеви: 5, 14, 13, 32, 41, 50

Среќна боја: Златна, портокалова, жолта, црвена

Среќен камен: Рубин

Огнениот Лав го краде лесно вниманието од топлата со својот магнетски шарм и харизма. Понекогаш Лавовите реагираат инстинктивно без многу размислување. Но, среќата ги следи храбрите па ризикувањата најчесто им се оправдуваат.
Лавовите едноставно се родени водачи. Сакаат да бидат во центарот на вниманието – и лесно успеваат во тоа. Оптимистични се, не се сомневаат во сопствениот успех и квалитет.

Лавот е храбар, моќен, достоинствен по природа и одличен говорник. Креативни се и идеалисти. Тие секогаш ќе ја завршат работата како што треба и навреме

Бик

Среќни денови: Понеделник, петок, сабота

Среќни броеви: 2, 11, 29, 37, 56

Среќна боја: Бела и зелена

Среќен камен: Смарагд

Како типичен земјен знак Бикот не си верува многу на своите инстинкти. Приземјени се, многу трпеливи и независни. Биковите ја ценат традицијата, стабилноста и лојалните луѓе. Понекогаш умеат да бидат тврдоглави и малку напорни.
Сепак, тврдоглавоста е онаа која им помага да си ги остварат своите зацртани цели.

Биковите умеат да бидат многу амбициозни, може да се потрепете секогаш на нив. Практични се и многу чувствителни. Биковите воедно знаат и умеат со парите. Ретко ќе пронајдете Бик кој знае да штеди или шета со празен паричник наоколу.

Рак

Среќни денови: Вторник, четврток, петок, недела

Среќни броеви: 4, 13, 22, 31, 40, 48, 57

Среќна боја: Сина, сребрена

Среќен камен: Бисер

Раковите се ориентирани кон семејните и фамилијарните вредности и сакаат кога треба да се грижат за нешто и некого.
Тие се во состојба да се жртвуваат себеси за среќата и безбедноста на своите сакани. По природа се љубезни и многу великодушни. Умеат често да го менуваат расположението, но тоа е нивниот начин за опоравување и полнење батерии. Раковите одлично умеат да комуницираат со другите луѓе и често пати знаат да ја средат ситуацијата само со неколку збора.

Познати се како одлични менаџери и организатори. Вообичаено се омилените работодавачи, обожавани од страна на колегиумот. Овие квалитети се детерминирачки кога станува збор за нивното збогатување. Тие едноставно гледаат на вработените како на свое семејство.

поврзани објави

Последни објави