30.8 C
Skopje
Saturday, June 15, 2024

ГДУ до СДСМ и ДПМНЕ: Договорете се да гласате во Собрание или ајде на избори, време за чекање немаме

Време за губење нема. Мицкоски и Заев како што тргнале ќе ја турнат Република Македонија во бездна. Доста е со партиски препукувања. Лидерите да се соочат со ситуацијата во која се наоѓаме и да се договорат или ќе ги изгласаат уставните измени или ќе одиме на избори, се вели во соопштението на политичката партија Граѓанско Демократска Унија- ГДУ.

ЕУ чека да покажеме напредок во реформите. Европската комисија одблиску следи дали ние нешто работиме, ама очигледно ние само ловиме политички поени. Мора да се сконцентрираме на судските реформи и активната истрага,прогон и конечни пресуди за случаите на корупција и организиран криминал, вклучително и на високо ниво. Се следат и реформите во безбедносните и разузнавачките служби и тука не смее да направиме никаков кикс, а под итно мора да стартуваме и со реформирање на јавната администрација. До јуни мора да ги испорачаме резултати во овие три области.

ГДУ предлага решение по германскиот модел, левицата и десницата да формираат заедничка влада во интерес на земјата и реформите кои следат. Само Влада подржана од широко парламентарно мнозинство може да ги отвори европските перспективи за земјата. Неопходна е промена на изборниот модел, една изборна единица и отворени листи. Паралелно да го прочистиме Избирачкиот список.

По промената на изборниот модел, прочистување на списокот, имплементирање на договорот може да одиме на предвремни парламентарни избори, кои би се одржале заедно со претседателските.
Суетите се лош сојузник во овие тешки моменти за земјата, се вели во соопштението на политичката партија Граѓанско Демократска Унија- ГДУ.

поврзани објави

Последни објави