Во центарот на Белград експлодирал автомобилот на српската водителка Маријана Мичиќ. Сè уште не е познато дали има жртви, но според неофицијални информации од тамошните медиуми, со полесни повреди минал само таткото на Мичиќ, кој во тие моменти се наоѓал во возилото.
Тој за среќа поминал со полесни повреди откако експлозијата го исфрлила од возилото.
Инцидентот се случил во 13 часот и 30 минути.
Според податоците на српскиот Курир, се работи за подметната бомба.
Маријана го водеше познатото реално шоу „Големиот брат“.
Пожарникарните служби потврдиле дека интервенирале, а на местото на настанот се упатила и екипа од Итната помош. Според информациите што ги дале сведоците и лицата кои се нашле на местото на настанот, автомобилот експлодирал додека се движел