27.8 C
Skopje
Wednesday, June 12, 2024

Ганка Цветанова на Твитер ја повика Елизабета Канческа да се изјасни дали ќе гласа за уставните измени

Претходничката на Елизабета Канческа Милеска, поранешната министерка за култура во владата на Љупчо Георгиевски, Ганка Самоиловска Цветанова се огласи на Твитер.

– „Ја повикувам поранешната министерка за култура и пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Елизабета Канческа Милевска јавно и недвосмислено да се произнесе дали ќе гласа за уставните измени!

Барем толку и’ должи на македонската култура која ја застапуваше во изминативе 11 години!“, напиша таа на Твитер.

поврзани објави

Последни објави