Заменик-помошникот државен секретар на САД, Метју Палмер, в понеделник на 22 октомври ќе престојува во посета на Македонија за да разговара за американската поддршка на договорот од Преспа и за важноста на македoнската реформска агенда, соопшти амбасадата на САД во Скопје.
Според многумина, денот 22 октомври не случајно е одбран од страна на Палмер, односно доаѓа на само еден ден пред празникот на ВМРО, кој е на 23 октомври.
Палмер ќе се сретне со владини и политички претставници, меѓу кои и премиерот Зоран Заев и министерот за надворешни работи, Никола Димитров.