18.8 C
Skopje
Tuesday, October 8, 2024

Голем месечен хороскоп за НОЕМВРИ: Успешен месец за Лавот, многу проблеми за Рибите

ОВЕН

Ноември ќе отвори некои прашања кои се однесуваат на животните цели, општествениот и работниот статус и односот кон себе. Превземењето на одговорноста и донесувањето на одлуките ќе ви донесе слобода.

Ви станува јасно дека е дојдено време за промени. На тоа ќе ве потсетува чувството во вашиот стомак, радоста која ве обзема додека размислувате за она што го сакате. Ако зборуваме за љубовта, имајте во предвид дека во ноември планетите ќе ве поттикнуваат и штитат. Ако сте во врска, другата страна ќе биде изненадена од вашиот отпор во одредени моменти, или иницијативата во други. Посилно ќе реагирате на монотонијата и досадата, на кои понекогаш ќе реагирате инстинктивно, настојувајќи да внесете освежување во односот.

БИК

Односите и поврзаноста со другите ќе бидат вашето огледало. Имате можност да научите повеќе работи за себе, да дознаете што мислат вашите блиски за вас, а браковите и врските ќе проаѓаат низ многу важни промени. Нагласокот на седмото поле од вашата карта повеќе ве изложува на погледите на љубопитните луѓе. Некои односи ќе поминуваат низ криза, други ќе се зацврстат.

Доаѓа до промени кои не можете секогаш да ги контролирате, но затоа можете да добиете појасни увиди за тоа што ви е важно во блиските односи, ама и кои ситуации не можете да ги поднесете и зошто. Самците ќе добијат повеќе прилики да го тестираат својот шарм и привлечност, да запознаат некоја личност која ќе им се допадне и со која ќе го поминуваат слободното време. Можеби другата страна нема да се вклопува во вашата визија за идеален партнер, но ако и дадете шанса, би можела да ви покаже дека не е секогаш препорачливо да имате цврсти принципи и да можете да доживеете некои нови искуства и во околностите кои отстапуваат од вашите ставови.

БЛИЗНАЦИ

Во текот на претстојниот период работата ќе има најважна улога. Љубовта за некое време ќе остане настрана, а нови настани во однос на тоа прашање се очекуваат после 16 во месецот. Се наоѓате во момент кога не можете повеќе да бегате, да се криете и да одложувате. Време е да се соочите со сенките на минатото, да го промените тоа што не ви е по волја и ве држи заглавени во една точка. Па, ако се наоѓате во љубовен триаголник или ако личноста која ви се допаѓа не може да ви го пружи она што вие го барате од неа, ќе дојдете до заклучок дека е време да продолжите понатаму. Ако се двоумите и ако ги оставате работите да бидат такви какви што се, и покрај незадоволството, многу е веројатно некои непријатни случувања да ве присилат на тоа. Енергијата на планетите укажува на тежнеење кон совршенство, а потрагата за личност која би можела да одговори на вашата слика во умот, би можела да биде тешко остварлив идеал. Подгответе се на промени во последната недела од месецот.

Кога е во прашање здравјето и формата, ноември е необично важен месец. Ако планирате да престанете со пушење, да ги намалите килограмите или да спроведете некој сличен режим, немојте да се двоумите и направете го тоа. Ќе забележите дека со секој изминат ден се чувствувате се подобро, имате повеќе енергија и не се заморувате многу брзо. Проблемите со ‘рбетот лесно можете да ги решите со помош на пилатес или јога. На тој начин ќе го отпуштите стресот и ќе ја подигнете енергијата.

РАК

Ноември е еден од месеците во годината кога работите не се развиваат онака како што сте ги замислиле. Тешко ќе ги избегнувате конфликтите, а енергијата ќе биде во пад. Ќе биде потребно да го побарате изгубениот мир. Вие кои сте познати по својата самоувереност, кои секогаш одите со високо подигната глава и смело го барате тоа што го сакате, сега ќе наидувате на отпор од страна на блиските, лесно ќе се сопнувате на препреките кои нема да ги гледате и имате послаба волја. Се работи само период на привремена нестабилност, во кој би можеле да го изгубите интересот за партнерот или да се соочувате со неговото незадоволство, или пак можеби со своите дилеми кога е во прашање иднината на односот. Ќе забележите дека ништо не е така како што изгледаше до вчера. Положбата на планетите во првата половина од месецот, укажува на недоверба, несигурност, па дури и љубомора и посесивност.

Формата и енергијата ќе бидат во пад, а тоа значи дека почесто ќе се чувствувате уморно. Слаби точки на вашиот организам ќе бидат зглобовите и коските. Би требало да пиете повеќе чаеви и да ги избегнувате напорните физички активности. Оние што имаат послаб имунитет, како резултат на некоја фебрилна состојба, би можеле неколку дена да отсуствуваат од работа или училиште. Кон крајот на месецот се враќа доброто расположение. Повторно ќе се чувствувате добро во својата кожа и ќе бидете подготвени за нови авантури и потфати.

ЛАВ

Ноември е впечатлив месец, затоа што планетите ќе ја активираат вашата креативност и инспиративност, како и потребата за љубов и чувството на вљубеност, а случувањата ќе ве водат кон непознатото. Месецот што е пред вас е период за љубов, напредок и личен раст.

Иако планетите ќе бидат предизвикувачки поставени кон вашиот знак, нема по неопходност да ви создаваат проблеми во односите, туку напротив, тие ќе ве повикуваат на акција, подготвеност да превземате ризици и да се впуштате во нови искуства. Имајќи во предвид дека сте познати по тоа што сте емоционално затворени кон сето она што е ново и неистражено, а со тоа се лишувате од доживувањата кои ви овозможуваат да земете повеќе од животот. Тоа не мора по неопходност да значи нова врска или партнер, можеби се однесува на некоја промена во вас. Можеби треба да покажете колку сте храбри, директни, па дури и провокативни, кога треба да се распламтат страстите во односот. Имате можност да кажете што ви пречи во однесувањето на саканата личност и да ги промените работите на подобро.

Од 11 до 14 во месецот, напнатите аспекти меѓу планетите најавуваат доста умор, нервоза и исцрпеност. Во текот на тие денови потрудете се повеќе да размислувате за својата добросостојба и откажете се од некои планови кои претставуваат преголем залак.

ДЕВИЦА

Пред вас е деловен месец. Мноштвото информации, разговори и средби ќе ги менуваат вашите планови. Убаво би било да се препуштите на текот на животот, затоа што планското делување ќе биде оневозможено. Ќе бидете условени од многу надворешни фактори.

Во вашиот љубовен светоглед ќе бидат вткаени нијанси на идеализам. Многу ќе размислувате и фантазирате, а причината за тоа би можело да биде некоја тајна платонска љубов. Интензитетот на емоциите ќе ви ја одзема способноста за рационално пристапување кон стварноста на животот. Понекогаш ќе го гледате она што го сакате, а не она што навистина се случува, па вашата лична среќа ќе зависи од тоа колку сте искрени кон себеси. Ако се најдете во врска со зафатена личност, веројатно ќе уживате, затоа што во текот на вашите средби ќе има многу страсти и занес. Некои поединци ќе бидат вљубени ама ќе ги прикриваат своите емоции, па другата страна нема да биде упатена во вашите емоции. Всушност, никој нема да знае што чувствувате до самиот крај на месецот, кога ќе забележите дека некои работи бегаат од контрола и дека се наоѓате во ситуација кога треба да тргнете во акција, без да размислувате за последиците.

Во ноември ќе бидете витални и полни со енергија, а подобрување ќе почувствуваат и оние кои имаат хронични болести. Ќе се занимавате со спорт и некој вид на телесни активности и ќе внимавате на својата линија и изглед. Она што е најважно, тоа е дека во вашиот живот ќе има повеќе оптимизам, па ќе можете да се препуштите на леснотијата на живеењето и уживањето во малите работи.

ВАГА

Чувството за сигурност ќе ви биде многу важно, па затоа ќе бидете сконцентрирани на материјалното. Ќе дадете се од себе да ги зајакнете личните ресурси и вештини кои можат да ви обезбедат подобра заработка и приход. Префинетоста и дипломатијата ќе бидат вашите главни адути за успех.

Брачната комуникација ќе биде отежната. Понекогаш ќе бидете повредени од суровата искреност на партнерот или вербалната бесчувствителност, но подобро би било да не им давате на таквите ситуации преголема важност и значење, затоа што тие не зборуваат ништо за емоциите и љубовта кои другата страна ги негува за вас. Кога се во прашање чувствителните теми, бидете смирени и аргументирании и обидете се да се изразувате во „јас“ пораки и изјави, зборувајќи за своите емоции во конкретната ситуација, наместо да ја обвинувате и критикувате другата страна. Ова најмногу се однесува на деновите кон средината на месецот, кога вашите нерви ќе бидат „послаби“.

Партнерот премногу време ќе поминува надвор од домот, а интензивното професионално живеење ќе сака да го компензира со мирни моменти во заедничкиот однос. Но, проблемот е во тоа што вие не се согласувате на тоа, поради стравот од монотонија и досада. Затоа очекувајте несогласувања при усогласувањето на слободното време и различните интереси.

Ќе се грижите и за вашето и за здравјето на вашите блиски. Поединци од знакот ќе вршат некакви испитувања и ќе решат некои мали тегоби кои се присутни веќе подолго време. Чувајте се од настинки.

СКОРПИЈА

Во месецот на владеењето на вашиот знак се наоѓате во одлична положба да задвижите некои планови, а во исто време ќе се појават и некои нови желби и цели, кои ќе имате доволно сила да ги остварите.

На листата на вашите приоритети, во преден план избива вашето тежнеење за самоостварување, зајакнување на личните ресурси, зацврстување на стекнатите позиции и освојување нови. Ова се однесува на љубовта, пријателството и работата. Силниот порив за развој на сите ваши потенцијали, понекогаш ќе добие форма на нагласена сконцентрираност на себе. Ќе ви биде важно да бидете допадливи и да оставите добар впечаток, без да размислувате на кој начин тоа ќе го постигнете. Во одредени моменти ќе се однесувате како „целта да ги оправдува средствата“.

Ќе бидете подготвени во името на некои, во дадениот момент за вас важни прашања и ситуации, љубовниот живот да го оставите настрана. Нема да се двоумите да ја откажете договорената средба со личноста која сте ја запознале и која ве привлекла, како и онаа во која сте вљубени. Ваквото однесување ќе остави впечаток дека не се грижите за чувствата на другата страна и дека повеќе си угодувате себеси отколку на другите.

Потребите на вашето тело ќе бидат нагласени, без оглед на тоа дали се работи за храна, секс или физичка активност. Во текот на втората половина од месецот ќе имате потреба за малку одмор, па ќе ви годат прошетките во природа, или патувањето во некој соседен град.

СТРЕЛЕЦ

Во првата половина од месецот ќе бидете наклонети кон дејствување од сенка, затоа што ќе бидете притаени, промислени и така најдобро ќе се чувствувате. Работите ќе се променат во втората половина од месецот, кога вашата харизма ќе дојде до полн израз.

Љубовта и интимниот живот ќе добијат на значење во првите и последните денови од месецот. Ќе ви биде поинтересно времето да го поминувате во други активности и прашања, кои посилно ќе ја стимулираат вашата фантазија и љубопитност. Ќе запознавате нови личности и ќе ви биде убаво дружењето со нив, а посебно ако се воспостави добра комуникација. Ако не се случи тоа, најверојатно за брзо ќе ви стане досадно. Во односот со некои личности ќе се најдете во некои непријатни ситуации, кога ќе морате да се правдате за своите избори и постапки.Пред зафатените Стрелци е пријатен и стабилен месец. Брачните и љубовните нитки ќе се зајакнат, а пресудна улога во одржувањето на хармонијата ќе биде интуитивното разбирање и длабоката емоционална поврзаност.

Во првата половина од месецот, вашата исхрана претежно ќе се темели на месо и месни производи, со помош на кои ќе сакате да го подигнете нивото на енергијата. Како резултат на тоа ќе се чувствувате тромо. Маглата, ниските температури, дождот и темницата нема да ве спречат да излезете на вечерни прошетки, а дури кога ќе излезете на воздух, ќе сфатите колку ви одговара пешачењето.

ЈАРЕЦ

Сето она што во текот на изминатиот период ви беше преголема тешкотија или нерешлив проблем, сега ќе изгледа поинаку.

Ако ви појде од рака пореалистично да ја согледате својата љубовна ситуација, се ќе стане многу поедноставно. Ќе бидете наклонети кон преувеличување на ситуациите и настаните и ќе се сомневате во намерите на другите. Ако вашата врска стои на „стаклени“ нозе, ќе дојдете до одредени заклучоци и во согласност со нив ќе превземете соодветни чекори. Првата половина од месецот ќе биде период на анализа, согледување и чистење, во која љубомората и посесивноста, зад кои ќе се крие стравот од загуба на саканата личност, ќе ве поттикне на некои постапки кои не се својствени за вас, а кои ќе се покажат како многу корисни. И другата страна ќе биде проактивна. Нема да можете да се пожалите дека не ви дава доволно љубов и внимание, иако понекогаш тоа нема да биде очигледно. Остриот тон и зајадливите коментари ќе бидат заменети со топли и несебични постапки кои ќе ве разнежнуваат. Но, во втората половина на месецот некои стари проблеми ќе ја подигнат својата глава и ќе бараат трезвен пристап во барањето решенија.

Во првата половина од месецот, положбата на планетите може да ви донесе проблеми со коските, посебно со ‘рбетот. Како сунѓер ќе ги впивате влијанијата во околината, иако многупати нема да бидете свесни за тоа. Во втората половина од месецот ќе се активира вашето несвесно, па ќе имате импулсивни реакции, без да бидете свесни за вистинските причини.

ВОДОЛИЈА

Ноември ќе го запомните по напорите кои ќе ги вложувате да се истакнете и да ги натерате другите да ве слушаат. Во првата половина од месецот тоа ќе го правите со доста нервоза, а во втората ќе ги искористите предностите на здружувањето.

Во одредени моменти ќе бидете нагласено свесни дека одите по работ, а таму ќе ве води ирационалниот порив за разоткривање на некои најаснотии и желбата да го зацврстите својот љубовен живот. Во зависност од тоа како го дефинирате поимот здравје и на кој начин се обидувате да го остварите, од тоа ќе зависат и вашите резултати. Потребата за емоционален императив ќе биде од клучно значење, а љубовната хармонија ќе биде резултат на воспоставената блискост, а посебно вашата зрелост. Ако сте во врска и заклучите дека тежината на секојдневието е преголемо и дека немате доволно енергија и време за љубов, би требало да размислите за поретко среќавање со партнерот, а тоа ќе ви помогне подобро да ја увидите целата ситуација. Од друга страна, неспорно е дека љубовните случувања ќе бидат интересни, па дури и набиени со емоционален интензитет. Иако ноември е еруптивен месец, стабилните врски цврсто ќе стојат на своите нозе.

Во првата половина од месецот. сетилата и емоциите ќе бидат интензивирани. На светот ќе гледате на многу индивидуалистички начин и имате желба да го прилагодите на своите визии и ставови. Ваквиот став ќе резултира со зголемен умор, исцрпеност и нервоза. Бидете толерантни и кон себе и кон другите.

РИБИ

Ноември е месец на длабоки промени, а астралните влијанија ќе бидат најинтензивни во подрачјето на кариерата и сите примарни улоги кои во животот ги извршувате, а кои бараат одговорност. Интимниот живот би можел да заглави во слепа улица, а посебно во првиот дел од месецот. Планетарните аспекти ќе предизвикаат напнатост во интимните односи, а можеби и ќе бидат причина за зголемување на недовербата и спротивставување на секаква форма на компромис. Ако успеете да го победите своето его и ако и дозволите на другата страна повеќе простор да се изрази, да објасни и без страв да ви каже што мисли за вас, а вие притоа да не се лутите, ќе бидете на многу добар пат кон разврски и продлабочувања.

Како резултат на забрзаното животно темпо и стрес, можен е пад на имунитетот, ќе бидете многу лесен плен за вирусите, и ќе морате неколку дена да лежите со зголемена температура. Но, тоа лесно можете да го спречите, ако поодговорно се грижите за своето здравје. Се советува да ја промените исхраната, да пиете повеќе витамински сокови од зеленчук и овошје и да ги задоволите потребите на вашиот организам за релаксација, одмор и сон.

поврзани објави

Последни објави