Мерцедес и официјално ги објави службените слики на новата Е Класа 63 AMG во караван верзија. Службениот назив Е63 AMG овој „ѕвер“ ќе биде претставен на салонот на автомобили во Женева.
Караванската верзија е надоградена со 4,0 литарски V8 мотор со 571 или 612 коњски сили, па дури и 850 NM вртежи во моментот. На „обичната“ верзија за да стигне до стотка и е потребно 3,6 секунди, додека посилната верзија за само 3,5 секунди.
„Новата E 63 AMG седан комбинира динамични перформанси и погодност”, вели Тобиас Моерс, извршен директор на AMG.
Како и да е, кој сака импресивни перформанси но поради жената и децата мора да има голем багажник и пространа кабина, а покрај тоа, има повеќе пари за луксузен автомобил, тогаш овој модел е вистинското решение.