14.8 C
Skopje
петок, октомври 24, 2025
spot_img

Пресудата пристигна, екс-премиерот Груевски чека датум и ќе биде префрлен во Шутка

spot_img

Потврдената затворска казна од две години за поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, денеска стигна во Основниот суд Скопје 1. Таа има печат од апелација и веќе е правосилна..

– Пресудата ќе биде распределена на понатамошно постапување кај судија за извршување санкции кој во следниот период треба да изготви упатен акт и да го испрати до странките во постапката“, соопшти Основниот суд Скопје 1.

Според законот, од денеска тече рокот од 2 недели кога Груевски треба доброволно да се јави во затворот што ќе му го одреди судот, но може да побара одлагање на почетокот на извршувањето на казната.

поврзани објави

         

Последни објави