„Во вистинскиот стил на Phantom, се разгледуваше буквално секој детал од автомобилот“, стои на официјалната интернет страница на овој производител на луксузни автомобили, а тоа секако го докажуваат и приложените фотографии.
Пред идеите и знаењето да се искористат во процесот на производството на Phantom VIII, производителот од оваа генерација која што го здогледа светлото на денот во 2003-та година, се збогуваше со примерок базиран на „продолжената“ верзија на моделот, обоен во нијанса на Blue Velvet.
Внатрешноста секако е изработена по желба на купувачот кој е фасциниран од дизајнот и иконографијата на прекуокеанските бродови од 30-тите години од минатиот век, а тоа ги објаснува поморските теми и мотиви.