Sun. Sep 24th, 2023

Американскиот потпретседател Мајк Пенс  во саботата со предупредување до своите демократски противници против опструирањето во Конгресот со цел да го спречат потврдувањето на кандидатот на претседателот на САД Доналд Трамп за испразнетото место во Врховниот суд, за што Пенс даде јасно до знаење дека шефот на државата во секој случај ќе победи.

Инаку, Горсач, кандидатот предложен од страна на новоизбраниот американски претседател Трамп, е заговорник на смртната казна и жесток поборник на конзервативната Америка, особено за прашањата врзани за семејството, религијата и абортусот.

„Бидете сигурни, ќе работиме со челниците на Сенатот за судијата Горсач да добие потврда за својата номинација, на овој или на оној начин. Тоа место не ѝ припаѓа ниту на една партија,идеологија или интересна група“,порача потпретседателот Пенс.

Потпретседателот истакна дека Горсач е подготвен да се сретне и да разговара со сите 100 сенатори, а веќе тоа го сторил со 12 од нив.

Со оглед на фактот дека мнозинството на Републиканската партија е од 52 сенатора, републиканците во тој случај ќе мора да придобијат барем осум сенатори од Демократската партија. Ако евентуално, пак, се случи блокада на изборот на Горсач, републиканците би можеле да ги променат правилата според коишто простото мнозинство би било доволно за потврда.

Leave a Reply

Your email address will not be published.