6.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Малчески: Македонија (никогаш северна) сеуште е заробена држава! Со осомничени криминалци менувате Устав среде вечер

Самоил Малчески по гласањето за уставните измени во македонското Собрание синоќа на својот Фејсбук профил напиша дека пратениците кои гласале „За“ станале измеќари на криминалот во државата:

Зборувајте ми после за право и правна држава!

Со осомничени криминалци како

Љубен Арнаудов

Сашо Василевски

Крсто Муковски

Елизабате Камчевска Милевска

менувате Устав среде вечер!

Станавте измеќари на криминалот во државава!

Изминатата недела е доказ дека Македонија (никогаш северна) сеуште е заробена држава!

Се обзнани новата врхушка, со примеси на старата!

На дело се покажа дека судскиот систем е заробен, сваровски судиите сега си имаат нов или нов со примеси на стариот газда!

Многу пати до сега се прашував зошто ни точка, ни запирка од извештајот на Прибе не беа реализирани во изминатите 18 месеци и конечно го добив одговорот!

После ова немате легитимитет да зборувате нит за демократија, нит за правна држава, нит за реформи, а најмалку за европски вредности!

Битката продолжува!

Македонија еден ден ќе ја биде ама без вас!

До тогаш се гледаме на браникот на демократијата!

На браникот на правната држава!

На браникот на воспостувување на Уставен и правен поредок!

Некој живее за Македонија, некој живее од Македонија!

п.с. процесите кои се водат за 27ми април веќе немаат смисла, пуштете ги луѓето на слобода!

Се договоривте со Љубен, Крсто и Сашо?

Безпредметно е понатаму, не ги држете останатите луѓе како политички затвореници!

поврзани објави

Последни објави