6.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

Нема да биде брз процес – потребни се многу денови за завршување на уставни измени

По гласањето за потребата од уставни измени, следува втората фаза, односно враќањето на постапката од пленарната седница во комисијата, што вклучува утврдување на предлог амандманите. Од предлагањето на нацрт амандманите, до пленарната сесија за нивно усвојување ќе поминат помалку од 30 дена. На пленарната седница, предлог амандманите се одобруваат со мнозинство од вкупниот број пратеници или со 61 пратеник.

Штом Собранието ги усвои овие амандмани, тие одат на фаза на јавна расправа, чие времетраење го поставува самото Собрание. За време на оваа фаза, Владата мора да изготви нацрт измени. Од моментот на доставување на предложените амандмани до Собранието до пленарната седница за завршување на третата и последната фаза, мора да поминат најмалку 30 дена. За амандманот на преамбулата, покрај 2/3, потребно е и Бадентерово мнозинство.

Сепак, Зоран Заев очекува дека на третото и последно гласање, уставните измени ќе имаат поголема поддршка од 80 пратеници.

Од друга страна, шефот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вели дека пратениците кои не гласале за потребата од уставни измени не подлегнале на притисокот на премиерот Заев. Тој вели дека осумте пратеници кои веќе се исклучени од партијата гласаа поради нивни лични интереси откако им беше ветена амнестија.

За завршување на постапката за уставни измени, потребни се најмалку 100 дена, ако не се појават други пречки. Амандмани за уставни измени, освен пратениците на ВМРО ДПМНЕ, исто така, најавија и опозициски партии на Албанците.

Извор: Алсат-М

поврзани објави

Последни објави