6.8 C
Skopje
Tuesday, October 8, 2024

Претседателот молчи, граѓани му пишуваат пораки: Иванов, каде си

Откако вчера власта обезбеди двотретинско мнозинство од 80 пратеници кои гласаа за потребата да се пристапи кон уставни измени, претседателот на државата, Ѓорге Иванов, се уште се нема огласено во јавноста со свој став во однос на историската одлука на парламентот со која на Македонија и се отвора патот кон ЕУ и НАТО.

Последната објава на неговата официјална Фејсбук страница датира од пред два дена, кога информираше дека ги примил акредитивните писма на Војчех Јежи Тичињски, новоименуван амбасадор на Полска во земјава, при што се постирани и неколку фотографии од настанот.

Сепак, негови следбеници од синоќа оставаат коментари на неговата страница, во која најчесто го прашуваат каде е и зошто молчи. -Аман, јави се! -Кај си море, не заборави ли? -Претседателе, каде си? – се само дел од пораките упатени до Иванов.

Официјална информација околу тоа, дали и кога претседателот ќе излезе со свој став околу актуелностите, се уште нема.

Извор: Фокус

поврзани објави

Последни објави