Компромисот за простување на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ за поддршка на уставните измени беше можноста да се постигне 80 гласови во Собранието, но истото ќе има последици, вели правникот Насер Зибери, за телевизија Алсат М.
Тој стравува дека ослободувањето на пратениците обвинети за насилството на 27 април е во спротивност со владиниот концепт за поделба на власта од партијата. Според него, најавата на премиерот Заев за формирање парламентарни комисии е прв и јасен знак за создавање на закон за амнестија. Но, Зибери стравува дека за целосна амнестија, ќе мора да се чека барем до претседателските избори, ако мнозинството стигне до таа позиција да именува свој човек.
„По синоќешната изјава, по изгласувањето на одлуката за отпочнување на постапката за уставните измени, Заев конкретизираше дека ќе се формираат работни групи, а потоа ќе се достави таа конкретна идеја во Парламентот, што значи правен акт во овој случај закон, со кој евентуално ќе се ослободат актерите вклучени во настаните од 27 – ми април. Што се однесува до тоа кога можат да се случат актите за ослободување од одговорност, тоа ќе зависи од парламентарно мнозинство кое има свои правни или законски елементи што може да ги преземе во рамките на владата и парламентот.
-Оние постапки што се надвор од парламентарното прашање се прашања кои треба да се решат меѓу другите институции, судските органи и претседателот. Се разбира дека сегашниот претседател не е во оваа насока, а претседателските избори се блиску, по завршувањето на уставните измени, Македонија ќе влезе во фазата на претседателски избори и ако сегашното парламентарно мнозинство успее да обезбеди да се избере претседател од неговите редови, тогаш, исто така, ќе добие плус инструмент за постигнување на оваа цел“, вели Зибери за Алсат-М.