-0.2 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

ВМРО-ДПМНЕ и ВМРО Народна од денес имаат легитимно мнозинство во општина Струмица

Советникот во општина Струмица, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Пакетов на денешната прес-конференција обзнани дека коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и ВМРО НП на поранешниот Лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Љубчо Георгиевски, од денес имаат легитимно мнозинство во Советот на општина Струмица.

„СДСМ и Зоран Заев се поразени во Струмица.Од денес Зоран Заев и СДСМ немаат мнозинство во Советот на општина Струмица. Тие не се власт и немаат кредибититет да продолжат да управуваат и владеат во Струмица“, истакна на денешната прес конференција Зоран Пакетов советник во општина Струмица.

Според Пакетов, СДСМ немаат легитимитет да продолжат да управуваат затоа што немаат мнозинска поддршка од граѓаните и бара итно да се свика седница на Советот на која ќе се верификува новото советничко мнозинство и ќе се избере нов претседател на Советот.

„Потоа, ќе побараме избор на нов градоначалник на општина Струмица бидејќи Зоран Заев веќе нема легитимитет, тој веќе не е власт во Струмица. Ова значи нов почеток за општина Струмица. Почнува транпарентно и отчетно работење во Струмица. Ова значи крај на нетранспарентните и матни тендери и богатење на поединци на грбот на општина Струмица. Ова значи крај на ерата на заплашување и притисоци. Струмичани добиваат одговорна власт за граѓаните. Ќе биде направена целосна ревизија на работењето во сите општински институции и започнува почеток на многу проекти за граѓаните на општина Струмица“, вели Пакетов.

 

поврзани објави

Последни објави