На 21.10.2018 година околу 19,15 часот било пријавено дека на улицата „Маршал Тито“ во село Владимирово, беровско товарно возило „Фолксваген Ман“ со беровски регистарски ознаки, управувано од Л.В.(56) од село Русиново, беровско, удрило во два паркирани трактори.
Притоа, со тешки телесни повреди се здобил возачот на товарното возило и бил пренесен во Клиничката болница во Штип.
Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Берово и се работи на целосно расчистување на случајот.