-0.2 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Реакција од СДСМ: Витанов јавно да каже зошто премина во губитничкиот табор

Советникот на СДСМ во Струмица, Марјан Даскаловски, воедно и Претседател на Советот на општина Струмица и претседател на ОО СДСМ Струмица, преку соопштение побара одговор од советникот на ВМРО-НП, Методи Витанов за неговото преминување во ВМРО-ДПМНЕ.

„Денешната прес конференција на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ е само уште една грда, но сосема вистинска слика за состојбата во која се наоѓа оваа партија. Небулозите кои беа презентирани на оваа прес конференција, само ја потврдауваат вистината која повеќе пати сме ја кажале, а таа вели: ВМРО ДПМНЕ и се е можно“, стои во реакцијата на Даскаловски.

Тој додава дека ваквиот потег е неморален чин на поединец, кој вели дека е погазена волјата на 18.425 граѓанин на Општина Струмица, кои пак треба да добијат одговор лично од Витанов зошто се одлучил на ваков чин и јавно да ја соопшти целосната вистина.

„Се поставува прашањето, како тоа по поминати безмалку 4 години во победничкото мнозинство, на прагот на новите локални избори, господинот Витанов одлучува да го погази сето тоа што го сторил во изминатиот период, заедно со советниците на СДСМ. Ова е срамен чин, за кој секој коментар би бил излишен“, додава Даскаловски.

Даскаловски од СДСМ: Методи Витанов да ја преиспита својата одлука и да ја симне својата огромна дамка која самиот си ја става, дамка која ќе го следи цел живот…

Posted by Радио СтрумицаНет on Sunday, February 5, 2017

поврзани објави

Последни објави