11.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Рангелова: Кога се слушам себеси што сум зборувал пред една година, не можам да поверувам дека тоа излегло од мојата уста

Кога ќе се слушнам што сѐ сум зборувала пред една година или година и пол во Парламентот, не можам да поверувам дека тоа излегло од мојата уста“.

Ова го изјави пратеничката на ВМРО ДПМНЕ, Даниела Рангелова, одговарајќи на прашање дали ја менува својата реторика и дека облагнува со своите ставови.

Таа рече дека партиите мора да се помират, да повикат на помирување, бидејќи со омразата што ја шират, го прават неподнослив животот во Македонија.

Рангелова рече дека не бара амнестија за себе и оти ќе докаже дека нема вина во случаите „Талир“ и „Насилство во Центар“. Таа додаде дека е за помирување, но оти допрва ќе реши дали ќе учествува во телото за помирување кое треба да се формира во Собранието.

поврзани објави

Последни објави