По повеќе од една деценија, Македонија и Грција , денеска , го пуштија во употреба новиот директен лет кој ќе биде на релација Скопје – Атина.
Прв патник на возобновената линија ќе биде вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи. Него на аеродромот во Атина ќе го пречека неговиот грчки колега, алтернативниот министер за надворешни работи, Јоргос Катругалос, со кого ќе има средба посветена на унапредувањето на стратешкото партнерство меѓу двете земји.
Според информациите во медиумите, овој лет ќе се одвива двапати неделно.