20.8 C
Skopje
Thursday, October 3, 2024

Порталот Експрес.мк дознава: Наследничката на Бејли доаѓа од дипломатскиот круг, а претходното работно искуство го има стекнато во Атина

Наследничка на досегашниот амбасадор на САД ќе биде дипломатката Мери Кејти Брнс која една година, од септември 2017, работела како заменик шеф на мисијата на САД во Атина, потврдуваат и владини и дипломатски извори за expres.mk.

Брнс е професионален дипломат од кариера со над дваесет годишно искуство во дипломатијата.

Таа предходно од 2014 година работела во мисијата на САД во Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) во Виена, како втор човек на мисијата.

Претходно Брнс работела во оддели на Стејт Департментот одговорни за европски и евроазиски прашања, во канцеларијата на државниот секретар за јавни работи и јавна дипломатија и во Комитетот за надворешни односи на Сенатот.

Од 2007 до 2010 година Брнс работела како советник за јавни работи во мисијата на САД во НАТО во Брисел.

Од 2010-2011 година, наследничката на Бејли била Виш цивилен претставник кој го надгледува управувањето и развојот во источниот дел на Авганистан, како дел од Меѓународните сили за помош во безбедноста.

Целата статија на експрес.мк Овде 

поврзани објави

Последни објави