14.6 C
Skopje
Monday, October 7, 2024

Премиерот Заев се огласи по средбата со 8 пратеници кои беа исклучени од ВМРО-ДПМНЕ: Имаме решенија

Верувам дека текстот на Нацрт амандманите за уставните измени ќе има широк консезус меѓу пратениците , рече премиерот Заев по средбата со осумтемина пратеници од ВМРО – ДПМНЕ, пренесува Канал5.

о средбата со новата пратеничка група на ВМРО – ДПМНЕ , премиерот Зоран Заев изјави дека разговарале за деталите на оваа втора консултација. Потоа вечерва во Владата ќе биде прегледан овој текст , кој ќе биде вратен во групата , по што текстот на Нацрт уставните амандмани утре да бидат ставени на седница на Владата. Заев уверува дека ќе може и да се достават амандмани на амандманите од страна на пратениците за да биде процесот што е можно поинклузивен . ,.,Остануваме отворени , се што е можно да воспоставиме инклузивен процес за да имаме поголем обем на консензус , при заклучување на Договорот со Грција. Верувам дека имаме праведен договор , а времето многу бргу тоа ќе го покаже.” ,изјави премиерот Заев. Има четири намени за промена на уставниот текст , но може да бидат и повеќе , рече Заев.

Пратеникот Крсто Мукоски рече дека генерално е усогласден текстот на амандманите , кои ќе бидат вградени во Уставот. Амандманите се однесуваат на зачувување на македонскиот идентитет, за обврските за ратификација на Договорот со Грција. Се предлага сукцесивна промена на името на нашата земја. Било разговарано Комисијата што ќе работи на помирување треба да почне да работи од понеделник , како што ќе се разработуваат темите , ќе има информации . Се знае колку челна ќе брои и кој ќе членува во нив, информира пратеникот Мукоски по средбата со премиерот Заев. Добиле уверување дека Владата ќе ги прифати четирите амандмански решенија , а за тоа утре рано наутро ќе излезат со конечниот текст.

Извор: Канал5 – Овде

поврзани објави

Последни објави