Дури и кога сте во подолга и цврста врска, постојат работи кои мажите нема да ги толерираат. Тој е спремен да се промени во одредени ситуации за вас, но немојте да претерувате во вашите барања.
1. Посакувате да го промените
Едноставно е: децата се воспитуваат, но не и возрасните мажи. Вашиот парнер ќе се согласи да промени некои работи кај себе поради вас, но доколку претерате и се обидете да го промените во потполност, може лошо да резултира за вас. Најпрво ќе започне да прашува во што сте се заљубиле, а подоцна ќе се чувствува дека не е доволно добар за вас, па со тек на време ќе тргне во потргна на жена која ќе го цени и прифати онаков каков што е.
2. Сакате да ве моли за секс
Иако си мислите дека тоа ќе го прави постојано, тој ќе ве замоли неколку пати, а подоцна ќе тргне среќата да си ја бара кај друга жена Сексот е важен дел од животот на мажите, па доколку се противите, тоа со сигурност ќе го оддалечи од вас.
3. Постојано му префрлате
Престанете со постојаното префрлување. Нормално е да имате и да му дадете некои забелешки. Тие тоа го сваќаат како омаловажување, а тоа нема да функционира во полза на вашата врска.
4. НИКОГАШ не го споредувајте со вашите бивши
Никој не сака да биде споредуван со други, а посебно мажот кого својата сакана го споредува со нејзините поранешни партнери. Иако е свесен дека имате љубовна историја, тоа е последна работа која тој сака да ја слушне. Докажете му дека тој е единствен и најважен за вас, доколку сакате да го имате постојано покрај вас.