Амбар
Двајца кумановски сељаци копаат дупка за да направат веце. Арно ама, си рекле дека секој што ќе ги праша што прават ќе му кажат дека копаат амбар, за да не ги бие срамота. И така доаѓаат комшиите и гледаат:
– Што правите бе комшии ?
– Еве, копамо за да правимо амбар.
Арно ама еден од сељаците забележал дека дупката не за тоа што тие рекле решил да ги зафркне. Еден ден дошол и ги видел двајцата како работат и ги прашал:
– Здраво комшије? Што ми правите?
– Еве, амбар правимо.
– Ако, све што ставите у њега, са здравје да си га изедете.
Испит
На факултет за теологија идни попови полагаат испит.
Излегува еден од испит и колегата го прашува:
– Што полагаше?
– Крштевка…
– И што направи?
– Ништо, ме бутна.
– Што ти падна?
– Бебето!
Цвеќе
Трпана го среќава Трпе утрото на 8ми март со букет преубаво цвеќе во рака, па целата насмеана го прашува:
– Драги, колку убаво цвеќе. За мене ли е?
Трпе и одговара:
– Ма не, тоа е за секретарката.
Трпана на тоа почнала да се лути и да вреска:
– Свињо една одвратна, неа цвеќе, а мене курац!!!
Трпе ладнокрвно на тоа и одговорил:
– Е добро бе, го сакаш ти цвеќето?
Мирис
Трпе и Трпана се шетаат во центарот на градот и проаѓаат покрај еден ресторан.
– Ау Трпе, колку убаво мириса овде.
А Трпе џентлменски и враќа:
– Сакаш да пројдеме уште еднаш?
Трпе добил петка
Малиот Трпе и вика на Трпана:
– Мамо, мамо, имам добра и лоша вест!
– Ајде сине прво добрата.
– Добив 5 по физика.
– Конечно, ајде сега лошата.
– Лага е!
Кладилничар
Што кажува сопственик на кладилница кога ќе се разбуди сабајле?
– Не дај Боже на никого.
Искреност
Мујо и Хасо одат во казино. Сакаат заеднички да ги стават парите на рулет, но не можат да се согласат за број.
– Ајде вака, колку пати имаше секс изминатиов месец?
– Шест пати.
– Добро, јас осум. Ставаме на 14.
По вртењето, се добива бројот 2. По долга, мачна тишина Мујо му вика на Хасо:
– Да си бевме искрени, сега ќе бевме богати.