2.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Јонуз: Илчо Ѓорѓиоски се плаши од против кандидат, барам да се одложи собранието на ФФМ

Како што се наближува датумот за изборното собрание на ФФМ, закажано за 17. февруари, така се разгоруваат страстите помеѓу актуелното раководство и опозицијата која настапува под името „Обединети за фудбалот“.

Поранешниот селектор на македонската фудбалска селекција и кандидат за претедател на ФФМ на кого кандидатурата му е одбиена, Мирсад Јонуз во гостување на дебата на Телевизија 24 изјави:

„Актуелниот претседател Илчо Ѓорѓиоски да каже како успеа да дојде до претседателското место на ФФМ. Го прашувам дали се плаши тој од избори, од можноста да има против кандидат. Барам да се одложи собранието барем за два месеци. Ако бидам избран за нов претседател ветувам дека дел од вработените и селекторите како Милевски кои достојно си ја извршуваат работата ќе останат на своите работни места“.

 

поврзани објави

Последни објави