11.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Георгиевски: Ова ВМРО-ДПМНЕ ја користи истата реторика на претходното раководство на Никола Груевски

Изворни информации толку многу за тоа што се случува во ВМРО-ДПМНЕ немам, но можам да ви дадам анализа врз основа на тоа што јавноста го презентира како информација.

Според она што го гледам, морам да кажам дека за жал, и покрај кадровските промени, во очекување да се случи нешто на идеолошки план во ВМРО-ДПМНЕ, за жал тоа не можам да го видам до ден денеска. Реториката на партијата е иста од онаа на господинот Никола Груевски. Идеолошката матрица е таа, идејите се тие, некако тешко се расчистува со таа идеологија на Груевски.

Нема реална идеолошка трансформација на партијата. За жал они продолжуваат да бидат носители на една реторика која е помината. Како човек кој сум ја основал таа партија, кој сум се вградил во таа партија, не можам да не кажам дека имам едно лично жалење што моите идеи и разбирања за Македонија, денеска ги препознаваат од СДСМ, а партијата која сум ја основал зборува сосема друга реторика.

Реториката со која зборува денеска СДСМ е реториката на ВМРО-ДПМНЕ до 2002 година. Реториката што ја зборува ВМРО-ДПМНЕ е реториката на СДСМ од 1999 година.

Не можам да се изначудам какви се процеси се случија во Република Македонија. Жал ми е што партијата што ја основав се претвора во собирач на погрешни разбирања за идентитетските прашања, чувството за државност овде негде по пат е изгубено. За жал тоа се уште ја прави ВМРО-ДПМНЕ далечна од мене, вели основачот и почесниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ Љубчо Георгиевски во интервју за Civil Media.

Линк – ОВДЕ

поврзани објави

Последни објави