11.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Неговите сопруги се крајно внимателни, ако некоја го налути – ја очекува еден месец „пост“

Триесет и четиригодишниот Иван Суков од Русија има три жени и девет деца, но се надева дека ќе има уште жени и најмалку 50 деца.

Според законот, може да има само една сопруга. Другите две биле со него со усмен договор.

Иван и неговата сопруга Наталија биле во брак 11 години, кога тој еден ден и рекол дека сака големо семејство.

– На почетокот бев против таквата идеја и не можев да го замислам тоа, но сфатив дека му е тоа голема желба – рекла Наталија.

Таа на Иван му родила шест деца. Иван во меѓувреме ја запознал Ана, со која има три деца и четврто на пат.

Од неодамна им се приклучила и Мадина, муслиманка која живее со нив против волјата на своите родители.

– Го видов на телевизија и се вљубив во него. Одлучив да бидам со него без разлика што мислат моите родители за тоа – рекла Мадина.

Иван и неговите сопруги работеле и тврделе дека имаат пари за целото семејство. Живееле во трособен стан, но Иван планирал да купи куќа во предградието.

Тој признал дека понекогаш ги казнува неговите жени.

– Секоја ноќ повикувам една од нив. Ако некоја ме налути, со неа не спијам и по месец дена – изјавил Иван.

Тој додал дека сака високи, слаби и нежни жени.

поврзани објави

Последни објави