16.8 C
Skopje
Wednesday, November 27, 2024

Ќе се изненадите од фактот колку Македонци има на Земјината топка

Матична земја на македонскиот народ е Република Македонија. На територија од 67.741,2 км² километри колку што зафаќа регионот Македонија живеат околу 2,2 милиони Македонци, од кои најголемиот дел во Република Македонија, етничката и матична земја на Македонците. Според последниот попис на населенито во Република Македонија во 2002 година бројот на Македонци во државата е 1.297.981 (64,18%), односно Македонците се мнозинство во државата. Од 2002, последниве 15 години, нов попис во Македонија нема.

Македонија нема прецизна база на податоци за бројот на своите иселеници и етнички Македонци кои живеат како малцинство низ други држави во светот. За гласање во странство при македонски избори се пријавуват околу 150.000 Македонци, а Агенцијата за иселеништо користи статистички податоци на земјите во кои се смета дека има значителна концентрција на етнички Македонци или иселеници, и според податоците околу 500.000 Македонци денес живеат во другите држави.

Но, оваа бројка уште веднаш се смета за нерелевантна затоа што е познато дека во Грција Македонците немаат можност за етничко изјаснување, а во Бугарија и Албанија се попречувани да го остварат тоа право кое го формално имаат на располагање, но тешко или никако го остваруваат.

Да ги погледнеме следните податоци кои зборуваат за застапеноста на Македонците во светот врз основа на државни статистички документи асоцијациите на Македонци. Географската распространетост на македонскиот народ денес е најмногу сконцентрирана во македонската етничка територија Македонија, во Европа и на Балканот, во западниот дел на Европа, северниот дел на американскиот континент и во Австралија. Според наведените податоците, денес во светот живеат околу 3,5-4 милиони Македонци.

МАКЕДОНИЈА – Матична земја и етничка територија на македонскиот народ е Македонија, каде што македонскиот народ е најсконцентриран. На територија од 67.741,2 км² километри колку што зафаќа етничка Македонија живеат помеѓу 2,1 и 2,3 милиони Македонци од кои најголемиот дел во Република Македонија. Етничката територија на Македонија на која Македонците живеат денес е поделена на неколку помали делови кои влегуваат во составот на 4 балкански држави. Вардарска Македонија каде се наоѓа Република Македонија, Егејска Македонија (во составот на Грција), Пиринска Македонија (во составот на Бугарија), Мала Преспа и Голо Брдо (во составот на Албанија) и областа Гора (во составот на Албанија и Косово).

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Република Македонија зафаќа 25.713 км² или околу 38% од етничката територија Македонија. Според последниот попис на населенито во 2002 година бројот на Македонци во државата е 1.297.981 (64,18%), односно Македонците се мнозинство во државата. Под овој број се сметаат сите Македонци по националност, без разлика на нивната вероисповед.

На територијата на Република Македонија – Македонците се распространети по целата територија. Застапеноста се движи од 20% во северозападните, 55-60% во југозападните, 85-90% во средишните и 90-95% во североисточните и источните делови на државата.

Егејска Македонија

Егејска Македонија го опфаќа јужниот приморски дел на етничка Македонија, и со околу 34.356 км² опфаќа 51% од етничката македонска територија. Официјална бројка на Македонците тука воопшто не е позната бидејќи грчката држава не признава македонски народ и македонско малцинство, и на пописните списоци не постои графа Македонец. Македонската организација Виножито (политичка партија на Македонците во Грција) вели дека во Егејска Македонија живеат околу 400.000 Македонци, но немаат правна можност така и да се изјаснат, а голем дел од младото македонско население се асимилира, не зборува македонски јазик бидејќи долг период тој бил забрануван од грчките власти.

Поради репресии и насилните иселувања на голем број Македонци од 1913 до 1922, и населување на грчки колонисти на нивно место етничкиот карактер на егејскиот дел на Македонија се создале големи промени во етничкиот состав на таа територија. Македонците од мнозинство (над 60%), денес се малцинство (со околу 19-20%), и се најмногу населени во западните и северозападните краишта и во близината на границата со Република Македонија. Македонците денес најмногу се населени во градовите Лерин, Воден, Костур и околните села.

Пиринска Македонија

Пиринска Македонија, денес во состав на Република Бугарија, го опфаќа крајниот источен дел на етничка Македонија, и со своите 6.798 км² опфаќа околу 10% од територијата на областа Македонија. Според пописите од 1946 и 1955 година, спроведен во Бугарија, како Македонци се изјасниле 177.035 – 70% (1946) односно 178.862 – 63% (1955) од населението во

Македонците се најзастапени во јужните и југозападните делови – Петрич 85-90%, Сандански 80-85% итн. По Втората светска војна за време на Георги Димитров Македонците уживале полни малцински права, а Пиринска Македонија по барање на Југославија најпрвин добила културна автономија која, подоцна, требало да прерасне во автономија според барањето на Тито до Димитров да се припои кон тогашната Република Македонија (Југославија) како кон матична држава, во рамките на Балканската федерација.

По смртта на Георги Димитров (1949 година) таа обврска на Бугарија Софија ја отфрла, а оттогаш па до денес Бугарија, според заклучоци на ЕУ, не обезбедува исполнување на основните етнички права и европски етнички стандарди за Македонците во Бугарија. Па така, на пописот во 1992 година само 10.803 граѓани на Република Бугарија можеле да се изјаснат како Македонци, а според официјални податоци пак од пописот во 2011 г., само 1.654 граѓани на Бугарија се изјасниле како Македонци. Организацијата на Македонците во Бугарија, ОМО Илинден – Пирин наведуваат бројка 0д 187.000 лица – етнички Македонци во Бугарија.

Албанија

Македонците во Албанија најмногу се населени во три области: Мала Преспа, Голо Брдо и дел од областа Гора – на околу 1.115 км². Од сите три области само во областа Мала Преспа на Македонците им се признати малцинските права и таму засега официјален јазик е македонскиот, кој се користи во основно образование. Во Мала Преспа живеат околу 6.000 Македонци. Според здружението на Македонците од Гора, Македонците во таа област претставуваат 82% од населението. Во Голо Брдо поголемиот број од Македонците се од муслиманска вероисповед, а последните години бугарските власти се обидуваат со агитација да прикажат дека таму живее бугарско малцинство. Здруженијата на Македонците од Албанија тврди дека во цела Албанија живеат нешто повеќе од 150.000 Македонци. Односот на Албанија кон Македонците и Македонија се гледа и од фактот дека Албанија ја нема признаено Македонија под уставното име, иако во Македонија се остваруваат сите права на етничките Албанци.

Европа

Први иселувања на Македонци се забележуваат кон крајот на XVII век, кога многу мажи оделе на печалба во околните балкански, а подоцна и во европските и прекуокеанските земји. Иселувањата од Македонија биле најчесто од економска и политичка природа. Голема концентрација на Македонци денес има во источниот дел на Војводина, во Србија. Во општините Качарево, Јабука, Пландиште и градот Зрењанин каде Македонците сочинуваат голем дел од населението (во Качарево над 40%). Во овие краишта Македонците се дојдени како колонизатори по Втората светска војна.

Иселувањата на Македонци во западноеропските земји прв пат се забележуваат во педесеттите години на XX век, а помасовни размери добиваат по осамостојувањето на Република Македонија од почетокот на деведесеттите години. Големи македонски иселенички колонии има во Германија (околу 80.000), Италија, Шведска (најмногу во градовите Малме и Гетеборг), Франција, Швајцарија, Велика Британија…

САД

Македонците во САД најмногу се сконцентрирани во северните и североисточните делови на државата и по брегот на Атланскиот Океан и нивната бројка се движи помеѓу 100.000 и 150.000 луѓе. Голем број Македонци има во сојузните држави Њујорк, Мичиген, Њу Џерси, Флорида, Охајо, Вирџинија… а во последно време се зголемува и бројот на Македонци во западниот дел на САД, особено во Калифорнија.

Канада

Македонците во Канада најмногу се населени во јужниот и југоисточниот дел на државата, а нивната бројност е околу 150.000 луѓе. Најголем број на Македонци има во сојузните држави и градовите Торонто (најмногу иселени од Тетовскиот и Преспанскиот регион) како и во Отава, Винздор, Квебек, Онтарио и др.

Австралија

Првите доселувања се забележуваат на почетокот , и во седумдесеттите и осумдесеттите години на дваесеттиот век. Македонците во Австралија се најсконцентирирани во југозападните и источните делови на државата, во сојузните држави Викторија, Нов Јужен Велс и во делови на Источна Австралија како во градовите Сиднеј, Перт, Мелбурн, Вологонг, Аделаид… Поголемиот дел на Македонците во Австралија се по потекло од Битолскиот и Преспански крај, како и од Егејска Македонија.

Поради својата голема бројност (над 200.000), во Сиднеј работи и паралелка на македонски јазик во една сиднејска гимназија, а Македонците во Австралија имаат и свои радио и ТВ емисии. (

Извор: Букефал

поврзани објави

Последни објави