Сигурно постојат многумина од вас кои се плашат од летање поради опасноста од авионска несреќа. Но, дали знаете дека постојат авиокомпании кои никогаш немале авионска несреќа?
Се работи за компании кои никогаш во нивната историја не забележале ниту еден пад на авион.
Според листата која ја состави британскиот Telegraph, вкупно 47 компании никогаш не забележале пад на нивни авиони, ниту пак имале фатални несреќи. Поради тоа, Telegraph ги оцени како „сигурните авиокомпании“ а пет од нив ги издвои како „најдобри од најдобрите“.
Прва на листата е компанијата Hawaiian Airlines, која работи од 1929 година и никогаш немала несреќа, ниту жртва во сите овие години летање. Исто како неа, и компанијата Easy Jet нема забележано ниту една авионска несреќа, но таа работи нешто помалку време – од 1995 година.
За нејзините 33 години постоење, компанијата Ryanair имала само едно принудно слетување во Рим кога птици влетале во моторот на еден од нивните авиони, но никогаш немале посериозен инцидент.
British Airways, авиокомпанија која постои од 1974 година, единствениот инцидент го забележа над загрепското небо кога нивниот авион се приближил до друг авион кој полетал од Словенија. Од 1985 година досега не забележале ниту една авионска несреќа.
Последна на листата е авиокомпанијата Qatar Airways, која е основана во 2004 година и е најмлада во ова друштво. Таа нема забележано авионска несреќа, но два од нејзините авиони доживеаја пожари. И покрај тоа, во текот на целото постоење на компанијата не е забележана ниту една човечка жртва.
Освен авиокомпаниите кои се наведени погоре, постојат уште 42 светски компании кои никогаш не доживеале авионска несреќа.
Извор: Кајгана