1. БУДИМПЕШТА Е ЕДЕН ОД ГРАДОВИТЕ СО НАЈБОГАТА ИСТОРИЈА ВО ЕВРОПА
Будимпешта се простира на десниот брег на Дунав, чие течение било дом на нашите предци уште од каменото доба. Дунав, како i замокот Будим се дел од светското наследство на УНЕСКО. Букирајте ноќно крстарење за да ги видите во најдобро издание.
2. МОЖЕТЕ БЕСПЛАТНО ДА ГИ ПОСЕТИТЕ НАЈУБАВИТЕ МЕСТА
Римскиот, турскиот стил и Готиката го прават овој град архитектонски сон. Посетете го Рибарскиот бастион, чии нео-готски ѕидини го имаат најдобриот поглед над градот.
3. БУДИМПЕШТА Е ГАСТРОНОМСКИ БИСЕР И ТОА СО ДОБРА ПРИЧИНА
Гастрономската историја на Будимпешта се развива буквално со векови. Посетете ги неверојатните пазари преполни со овошје, зеленчук, пецива и унгарски деликатеси. Големиот централен пазар е најголемиот пазар во Будимпешта, и стар е преку 100 години. На неговите импресивни три нивоа нема нешто што нема да го најдете.
4. ТОПЛИТЕ ИЗВОРИ ГО ПРЕТВАРААТ ГРАДОТ ВО СПА ИГРАЛИШТЕ
Унгарија има преку 1000 топли извори благодарение на тенката земјина кора. Одморете во некој од будимпештанските спа центри со топли извори како што се Сечени термалните бањи, каде отворените базени достигнуваат температура до 37 степени целзиусови.
5. БУДИМПЕШТА Е ЕДНА ОД НАЈЕФТИНИТЕ ЕВРОПСКИ ДЕСТИНАЦИИ
За разлика од другите импозантни европски градови, во моментов Будимпешта е особено ефтина дестинација. Цените на хотелите во Унгарија паднаа за 25% во 2014 година, според податоците на светските страници за туризам.
6. ГОЛЕМАТА СИНАГОГА Е НЕВЕРОЈАТНО УБАВА
Најголемата Синагога во Европа вклучува Музеј на унгарските евреи и Меморијален центар на холокаустот. Сводовите во синагогата ќе ви го одземат здивот.
7. МОЖЕТЕ ДА ПРЕСТОЈУВАТЕ ВО ВИСТИНСКИОТ ГРАНД БУДАПЕСТ ХОТЕЛ
За Коринтиа хотелот во Будимпешта се вели дека го инспирирал од минатогодишниот оскаровец Вес Андерсон.
8. АКО САКАТЕ ДА СТАНЕТЕ ЕКСПЕРТИ ЗА ТЕРОР, ТОА МОЖЕТЕ ДА ГО НАПРАВИТЕ ТУКА
Музејот „Куќа на теророт“ детално ја опфаќа унгарската поврзаност со Нацистичка Германија и Советскиот Сојуз и содржи серија на морничави поставки.
9. ТУКА ВИНОТО Е ФОРМА НА УМЕТНОСТ
Унгарија е позната по виноградите. Нурнете се длабоко во пештерските лавиринти по будимпештанската област со замоци за турнеја по винарските визби која нема да ја заборавите.
10. МАГИЧНАТА ОСТРОВСКА ОАЗА Е ВЕДНАШ ПРЕКУ МОСТОТ
Маргит или Маргитиниот остров се наоѓа во средишниот дел по течението на Дунав низ Будимпешта. Островот лежи меѓу мостовите Маргарет на југ и Арпад на север. Островот се состои од парк и е популарна рекреативна атракција. Клубови, базени, аква парк, атлетички и фитнес центри, патеки за велосипеди и трчање може да се најдат околу островот.
11. МОЖЕТЕ ДА БАРАТЕ ПОЛИТИЧКИ АЗИЛ И ДА ГО СРЕТНЕТЕ ЕКС ПРЕМИЕРОТ НИКОЛА ГРУЕВСКИ
Извор: Булевар.мк