11.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Образованието, јавното здравство и социјалната заштита – ова е „Светото Тројство“ меѓу измамите во земјата

Освен за актуелната тема каде е исчезнат Груевски, дали е во Унгарија и бара азил ако воопшто е таму, отварањето на Уставот и ребаланс на буџетот, до македонската јавност никако да стигне информација до каде се реформите во Министерството за образование и наука.

Помина и првото тромесечие од учебната 2018/2019 а нашите ученици основци и средношколци уште немаат добиено комплет учебници. Сѐ уште учениците учат со копирање на материјалот по одредени предмети, иако на почетокот на учебната година се пофаливте со тендери за набавка на учебници, но како и се друго во државава тендери има но реализација никако.
Најверојатно Министерството за образование и наука по повод новогодишните и божиќните празници ќе ги изненади учениците со пакетче училишен материјал т.е. учебници кои им се очајно потребни.

Иако на последниот отчет на Владата нашиот министер Г.Адеми нема потрошено ниту еден денар од буџетот предвиден за трошоци за секој еден министер, не е ни чудо што учениците немаат учебници. Освен за покачените плати во септември од 5% на наставниците во основните и средните училишта, во новиот ребаланс на буџетот никаде не се спомнуваат професорите кои предаваат на нашите идни академски граѓани. Иако и од СОНГ се сомневаат дека во образованието ке има нов бран на чистки јас прашувам дали критериумите за ново избраните наставници пак ќе бидат партиските книшки? Платите во високото образование се под достоинството на професијата и во подобрување на истото треба под итно да се реагира.

Нашите студенти уште водат битки со мизерните услови во студентските домови и оваа година имаме најголем процент на иселување на студенти и запишување на истите во државите како Словенија и Бугарија. Можеме да бидеме задоволни единствено од работата на академиците кои конечно се зафатија со работа за учебниците по историја и еднаш засекогаш да ги затворат дилемите по ова прашање.

Иако во неколку наврати ние од ГДУ како конзервативна партија излеговме со став дека во земјите од западот има добри модели на образование, кои треба да се преземат и да се имплементираат во нашата држава.

Освен актуелните теми во државата кои ги спомнав на почетокот, во нашата држава имаме поголеми проблеми како што се образованието, јавното здравство и социјалната заштита.

Ова е „светото тројство“ меѓу измамите во земјата. Овде е сѐ а ништо не е бесплатно.

Автор: Фросина Китановска

поврзани објави

Последни објави