Откако во текот на вчерашниот ден, советникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Пакетов на прес-конференција обзнани дека партијата на ВМРО-ДПМНЕ и ВМРО НП имаат легитимно мнозинство во Советот на општина Струмица, денес советникот од редовите на ВМРО-НП, Мето Витанов, по 24 часовен молк тврди дека бил изманипулиран од страна на централното раководство на партијата.
Поминаа цели 24 часа, а советникот од редовите на ВМРО-НП и покрај пресот на Пакетов, не излезе веднаш и не го демантираше, со што остави простор граѓаните да поверуваат дека Витанов како советник целосно ја прифатил одлуката да коалицира односно да го поддржи ВМРО ДПМНЕ во советот на општина Струмица. Витанов молчеше цели 24 часа, за денес да излезе и да ја демантира ваквата одлука. Се поставува прашањето зошто Витанов молчеше во текот на целиот вчерашен ден и веднаш не го демантираше советникот на ВМРО-ДПМНЕ, Пакетов, кој истакна дека СДСМ го изгубил мнозинството во општина Струмица.
Инаку, Витанов беше мета на напади на социјалните мрежи, особено од луѓето на Социјалдемократскиот сојуз од Струмица, а во текот на синоќешната вечер на фејсбук се огласи и В.Д градоначалникот на Струмица кој во својот фејсбук статус рече дека остава простор Витанов да ја преиспита својата одлука, посочувајќи го лично него, а не ВМРО-НП како партија.