Метеорот кој пролета над езерото Мичиген го осветли небото над неколку сојузни држави во САД.
Камерата во полициско возило го снимиле метеорот околу 1.30 часот во Висконсин кога голема топка го осветлила целото небо над САД. Од американското метереолошко друштво велат дека ваквата појава е видена и во Индијана, Мичиген и Илиноис.
Метереологот Џеф Ласт од Грин Беј во Висконсин тврди дека овој метеор го пробил звучниот ѕид и навлегол. На радарот се гледа како метеор поминува над езерото Мичиген, но не се геледа јасно каде паднал и дали се распрснал во небото, вели Ласт.
https://www.youtube.com/watch?time_continue=8&v=QFEJ5R68Fvc