7.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

Колев: 21 век а нашите сограѓани со хендикеп без реализирани основни човекови права

Претседателот на Граѓанско Демократска Унија- ГДУ, Петар Колев, на својата официјална Facebook страна напиша:
„Денеска е денот посветен на лицата со хендикеп. Денес сме 2018 година, 21 век и додека човештвото од развиениот и цивилизиран свет размислува за можен живот на други планети и проучувања во Сончевиот систем, нашите сограѓани со хендикеп не успеваат да ги реализираат своите основни човекови права во нашата земја.

Начинот по кој се однесуваме кон послабите во општеството е огледален одраз на нашата општествена зрелост. За жал имаме уште многу да созреваме.

Не знам колку средства потрошивме за тркалезни маси, дискусии, дебати и објаснувања за овие 27 години, но знам дека е крајно време да започнеме еден по еден да ги решаваме проблемите на овие наши сограѓани.

Апелирам до соодветните институции за повеќе активност и конкретна реализација, доста е од пресови за планови и стратегии.“

поврзани објави

Последни објави