16.8 C
Skopje
Thursday, May 2, 2024
Платено политичко рекламирање

Скопско Ехо: Младите се разочарани, се иселуваат, прават „нови Скопја“ во Малта, Германија

Дали Скопје е ветениот град или младите сакаат да ја здувнат? Еве, крајот на годината ќе биде повод за изведување на најразлични биланси, па може да се пресмета и овој кој го покренува нашето прашање: дали и колку граѓани го напуштиле главниот град и се преселиле да живеат и работат во странство? Статистиката треба да покаже, се израдуваа ли младите на ситуацијата која ја изгради власта со доближувањето до НАТО и ЕУ? Гледаат ли во тоа загарантирана добра иднина?

Додека ги чекаме статистичарите, ние поразговаравме со скопјани, тие да ни го пренесат нивниот впечаток, пишува Скопско Ехо.

– Ќерка ми неодамна реши да замине во Италија, да се исели и таму да работи. Има 32 години, по занимање е компјутерски инженер и се до скоро мислеше дека кај нас ќе се случат промени. Сакаше да остане во Скопје, но се прекрши кога виде дека не се смени ништо и со новата власт, дека и натаму владее корупција, партиски врски, дека ќе се менува името на државата што ќе ја бранува земјата уште долго… и се наврати на добиените две понуди за работа од Италија. Едната ја прифати, ни рече скопјанец кој не сакаше да му го напишеме името.
Скопјани ни посочуваа и други примери, па дури и на цели семејства што заминуваат од Скопје последнава година. Впрочем и ние самите во редакцијата знаеме по неколку такви примери. Иселувањето не запира. А целта на овие луѓе се неколку земји во кои се уште полесно се доаѓа до работа како со македонскиот така и со бугарскиот пасош кој го имаат многумина. Малта, Словенија, Германија, Италија… само се дел од европските земји во кои последниве години никнуваат „нови Скопја“ населени со наши сограѓани. Колкава е точната бројка тешко е да се каже бидејќи малкумина при излегувањето од земјата наведуваат дека одат за трајно.

– Мислам дека во моментот на Малта има околу 2.000 скопјани, во вкупната бројка од 5-8.000 Македонци кои сега живеат и работат таму. И натаму пристигнуваат нови. Лете бројката е и околу десет илјади. Главно работат во угостителството, во хотелите, во градежништво, во обезбедувањето. Прво наоѓаат стан преку агенции со договор за една година и потоа аплицираат за работа, ни објаснува Мартин Србиновски, кој посредува за работа на овој европски остров.

Често, оние скопјани кои веќе се снашле на Малта, а кои ги има колку една поголема скопска населба, им помагаат на оние што сакаат да се доселат.

– Јас лично на 80-ина лица им имам помогнато да се снајдат за работа, сместување… Овде има агенции што вработуваат луѓе од земји кои не се во ЕУ. Бројот на нашите тука и натаму расте, постојано ми пристигнуваат пораки од луѓе кои не ги познавам и кои ме молат за помош. Работат се и сешто, до собарки, чистачи до ИТ- инжењери во и-гејминг индустрија. Решив да дојдам откако во Скопје работев за плата од 250 евра и видов дека немам никаква иднина. Тука работам веќе пет години и не мислам веќе да се враќам во Скопје каде одам само за куси посети на родителите. Тука има и наши постари од 50 години кои во Скопје никој не ги вработува, има и родители дојдени да им помагаат на помладите, ни рече скопјанката Ивана Михајловиќ.

Целиот текст прочитајте го на Скопско Ехо – ОВДЕ

поврзани објави

- Advertisement -
- Advertisement -
- Advertisement -spot_img

Последни објави